Наташа Беквалац неодамна се разведе од својот сопруг Лука Лазукиќ, а како што тврди за курир.рс, тој ја малтретирал уште од првиот ден па се до 14 април 2018 година кога Лука физички ја нападна.
„Секоја жена пред да стапи во брак, покрај љубовта, мора да го запознае својот партнер. Јас бев заљубена. Веднаш по венчавката започна мојот пекол. Трпев бидејќи имав ризична бременост и се посветив на тоа да родам здраво девојче, а проблемите ги туркав под тепих, а се тоа после кулминираше“ започнува Наташа и додава:
„Уште имам лошо чувство во стомакот кога ќе се сетам. Страшно психичко и физичко злоупотребување. Како и секоја жртва на насилство, изгубив самодоверба, се разделив од семејството и пријателите…останав сама“ вели Беквалац.
Наташа исто така проговори и за физичкото насилство, односно кога претходната година Лука физички ја нападна.
“Тој не ме удри, туку ме претепа. Тоа беше мојот крај, бев понижена, но за мене од ударот полошо беше судискиот процес бидејќи во судница се чувствува дека сум виновна и како ситуацијата да е обратна, посебно кога ме прашаа: „Мислите ли дека е во ред што одеднаш сте го пробудиле сопругот?“, се обидоа да ме направат виновна, а јас почнав да верувам дека сум, но докажав дека не сум бидејќи стручните лице за вештачење докажаа дека не сум можела тоа сама да си го направам“ вели Наташа Беквалац.
фото: курир.рс