„Штип Арт Активистите“ вчера спроведе нова акција поттикната од потребата за конечно после долги години, се стави во функција јавниот градски тоалет, но и да им се укаже на граѓаните дека воопшто не е убаво да уринираат каде стасаат, особено во влезовите од зградите низ централното градско подрачје. За таа цел се делеа летоци на кои беа означени најпомочаните локации во Штип
„Влезовите од зградите, се гледа и на сликите, дека се во тотален хаос, а таму живеат луѓе и минат деца кои алармираат на некултурата и нехигиената во која живеат. Затоа сакавме да пренесеме порака до локалните власти да се стави во функција градскиот тоалет, кој долги години стои, а од причини непознати за нас граѓаните не е ставен сеуште во функција. Да пренесеме порака и до граѓаните да внимаваат на јавната култура и хигиена. Сите да се однесуваме одговорно кон нашиот град!“ се вели во написот на активистите.