Шакира се појави во новата кампања на модната куќа Burberry, а на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која позира во нивниот проѕирен фустан.
„Тоа се вика одмазднички фустан“, „Ова е новиот „одмазднички фустан“, „Така го прават тоа Колумбијките“, се дел од коментарите на фановите, мислејќи на одмаздничкиот фустан во кој Лејди Ди се појави во јавноста кога се дозна дека Чарлс со години ја изневерувал со Камила.
Фотографијата на Шакира собра над милион лајкови.