Љубовната приказна на Ружица (39) и на пејачот Жељко Бебек (73) започнала пред 21 година, на еден од неговите концерти кога таа дошла да му побара автограм.
„ Сфатив дека погледите ни се сретнаа и дека кликнавме истиот момент. Уште веднаш донесов одлука дека ќе направам сѐ за да ја освојам, да ја наговорам со мене да остане засекогаш. Инаку, мала е разликата во години. Нешто ситно. 34 години се, а како да се четири“, рекол пејачот и додал дека се труди да биде млад маж и во тоа успева. Двојката ги има синот Звонимир (16) и ќерката Катарина (14). И двајцата се музички таленти. Звонимир свири гитара, а Катарина клавир.
Инаку,првиот пејач на „Бијело Дугме“ со сопругата, празникот Свети Валентин го помина во Спа центар. Лани за годишнината од бракот беа во џакузи, а годинава за, Бебек ѝ ги масираше нозете на Ружица, а потоа наздравија со чаша шампањско, пишува „24 сата“.
На Бебек му е пракса, фотографиите од прославата на годишниците со сопругата да ги објавува на социјалните мрежи. Минатата година, сподели момент како двајцата лежат во када, а една од претходните години од патувањето во Њујорк. Најнеобичната фотографија е онаа на која се гледа слика над нив, која е закачена на ѕидот, а на неа Бебек позираат во кревет.