Две лица загинаа во јапонскиот град Јокохама откако тинејџерка скокнала до смрт од трговски центар, паднала на пешак и го убила.
Тинејџерка (17) скокнала од зграда во преполн шопинг кварт, удирајќи во 32-годишна жена која била излезена со пријателите во саботата вечерта.
Двете веднаш биле пренесени во болница, кај тинејџерката е констатирана смрт еден час подоцна. Набргу потоа починала и жената (32).
Повеќе луѓе помлади од 18 години во Јапонија се убиени на 1 септември – непосредно пред новата учебна година – отколку во кој било друг ден, според официјалната статистика.
Минатата година, 513 деца си го одзедоа животот во Јапонија, а како најчест фактор беа наведени „училишните проблеми“.
Учениците кои не сакаат да се вратат на училиште се познати како футоко, или „луѓе кои не одат на училиште“, пренесува Би-Би-Си.
Главните причини зошто овие футоки го избегнуваат училиштето се семејните околности, личните проблеми со пријателите и малтретирањето, покажуваат претходните истражувања на Министерството за образование.