Вчера во Виндзор, Меган Маркл ѝ пришла на една тинејџерка и ја прегрнала. Девојката открила што ѝ рекла војвотката во текот на нивната кратка средба.
Американската актерка и сопруга на принцот Хари, Меган Маркл, ги изненадила сите кога со својот сопруг се појавила во друштво на принцот Вилијам и принцезата Кејт.
Браќата и нивните сопруги додека шетале се поздравувале со луѓето кои се појавиле со подароци и цвеќиња за кралицата Елизабета Втора.
Додека поминувале покрај толпата луѓе, тие им приоѓале и се поздравувале со нив. Многу од нив биле среќни поради тоа што ги виделе двајцата принцови како се движат еден покрај друг, повторно обединети после бурните кавги.
Меган и Кејт разговарале со бројни деца, ги прифатиле и букетите со цвеќиња и подароците.
Во еден момент војвотката од Сасекс била забележана како се прегрнува со една млада девојка.
Меган ѝ пришла на тинејџерката која од шок ги ставила рацете на својата уста.
Тинејџерката ја прашала: „Можам ли да ве прегрнам?“, Меган само кимнала со главата пред да ја прегрне девојката.
Во текот на кратката прегратка, проговориле само неколку зборови и можело да се види како Меган ја убедува додека ја става раката на нејзиното рамо.
„Само чекавме да дојде, а таа ми пријде и ме праша како се викам и како се чувствувам и колку сум чекала. И ја прашав дали можам да ја прегрнам, а таа ми возврати. Тоа беше прилично неверојатен момент. Уште се тресам“, раскажала тинејџерката.
Девојката која и натаму е во шок открила дека сакала да ѝ посака топло добредојде на Меган после „сè што се случило“.
„Сите некако ме бодреа и претпоставувам дека се почувствував дека така треба да постапам затоа што на некој начин се угледувам на неа и тоа беше исправна работа. И, беше добро, а само сакав да ѝ кажам добредојде. И сакав да ја прегрнам после сè што се случи“, истакнала тинејџерката и порачала дека било прекрасно да се видат Кејт, Меган, Вилијам и Хари заедно.
Реченицата која девојката ја изговорила била: „И, беше добро, а само сакав да ѝ покажам дека е добредојдена тука“.
Таа го поддржува ставот на многу од луѓето дека настанот каков што беше смртта на кралица Елизабета Втора е повеќе од оправдан за негативните коментари кои ја следат војвотката да бидат изоставени.