Кралицата на рокенролот Тина Тарнер во јуни доаѓа во Белград, на приватна забава на еден српски бизнисмен. Познато е дека Тина живее во Цирих, а пред шест години доби и швајцарско државјанство, па следниот месец ќе биде гостинка на приватна забава на срспскиот бизнисмен чие име се држи во тајност.
– Српскиот бизнисмен живее и работи во Цирих каде и ја запознал големата пејачка. Тина и нејзиниот сопруг Ервин Бах ќе стигнат со приватен авион. Таа во Белград ќе остане само еден ден и во еден од тамошните хотели ќе биде пријавена под лажно име. Можно е забавата да се случи и во околината на Белград. Тарнер на забавата ќе биде само гостинка и нема да пее – вели извор близок до целата организација на забавата и додава:
– За безбедноста на Тина Тарнер ќе биде ангажирана полицијата.