Ѕвездата на TikTok, Махек Бухари, која ја следат повеќе од 120.000 луѓе на мрежата, е уапсена откако му „поставила стапица“ на 21-годишниот љубовник на нејзината мајка, затоа што ја уценувал да објави видео од нивната интимна врска.
На судот во Лестер, 24-годишната Махек, позната како Маја на социјалните мрежи, е осудена на доживотен затвор, додека нејзината 46-годишна мајка Ансрин исто така е осудена на доживотен затвор и мора да одлежи најмалку 26 години и девет месеци пред да добие право на условно ослободување. Тие се обвинети за убиство на двајца мажи во бркотница со автомобил, пишува Independent.
Сакиб Хусеин и Мухамед Хашим Ијазудин, двајцата 21 годишни, загинаа во страшната несреќа во која нивната Шкода Фабија се „подели на два дела“ во пламен. Според судот, Махек, помогнала да се смисли план за замолчување на поранешниот љубовник на нејзината мајка, откако тој им се заканувал со уцена.
Хусеин, всушност, не сакал да ја прекине врската со Ансрин, па ѝ се заканил дека ќе му испрати видео снимки на нејзиниот сопруг доколку не ги врати 3.000 фунти што ги потрошил за додворувањето. Тие договориле средба на која се појавиле мајката и ќерката. Тие пристигнале заедно со шест лица со две возила да го нападнат Хусеин од заседа. Сето тоа му било сомнително, а потоа започнала потера во која тој и другарот со кој дошол, загинале.
На долги затворски казни се осудени и останатите учесници во убиството.
„Обвинителството беше во право кога го категоризираше овој случај како ладнокрвно убиство“, рече судијата Тимоти Спенсер.