Кармен и Лупита Андраде (21) од Мексико се споени близначки кои имаат по две раце и секоја по една нога. Овие храбри девојки опишале како изгледа нивниот живот.
Кармен и Лупита Андраде (21) се споени долж ѕидот на градниот кош до карлицата каде што им се спојува нивниот ‘рбет. Кога се родиле, лекарите им рекле на родителите дека нивната разделба може да заврши фатално, а им дале само три дена живот.
Имаат по две раце и секоја по една нога, при што Кармен има контрола над десната нога, а Лупита над левата.Со текот на времето научиле да се прилагодуваат на таквиот живот.
Овие споени близначки во видео на Јутјуб зборувале за својот приватен живот, хоби и образование, но и за лошите коментари на кои наишле.
Кармен е среќно вљубена година и пол, а своето момче го запознала преку апликација за запознавање.
Како што вели, веднаш му кажала за нејзината состојба, но признала дека се срамела да каже дека е споена близначка.
Како што вели, се уште е млада за брак и се уште немала врска со нејзиното момче, а како што вели тоа не му пречи.
Од друга страна, Лупита признала дека е „асексуална“.
Кога биле мали со години оделе на физикална терапија каде научиле како да седат и да ги користат нозете. Првите чекори ги направиле на четири години.
Лекарите размислувале да ги разделат, но одлучиле дека тоа е небезбедно бидејќи делеле премногу витални органи и долниот дел од ‘рбетот.
Лупита боледува и од сколиоза, па постоел висок ризик од смрт или оштетување на мозокот доколку се разделат. Кога ги прашале дали некогаш сакале да се разделат, и двете рекле „не“, пренесува Daily mail.