Филипче на роденден кај ќерката на Василковска, жената која спаси три човечки животи (ФОТО)

by Тони Зографски

Министерот за здравство Венко Филипче беше на роденденот на едногодишната Лара, ќерка на донорот на срце и бубрези која спаси три човечки животи, Јасмина Василковска.

-Семејството ме покани во нивниот дом за да го запознаам ова девојче кое денеска полни една година. Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благодарноста и хуманоста наследи ги од твоето семејство, кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство, – напиша Филипче на Фејсбук споделувајќи фотографии од роденденската забава.

останати вести

Comments are closed.