Водителката Адријана Алачки го поддржа д-р Жан Митрев со објава на социјалните мрежи, откако деновиве огромно внимание привлече веста за неговиот син, Филан Митрев кој беше обвинет за тероризам.
Имено, лани во ноември на 25години бил уапсен Филан за планирање терористички напад врз клучни објекти низ Германија, а за акцијата набавил и хемикалии за правење бомба.
„Тој не е мојот син“, вели кардиохирургот Жан Митрев, „секој човек на 25 години одговара за своите постапки“, додаде тој, а подоцна се изјасни и дека веќе неколку години не биле во контакт.
Објавата на Алачки, со поддршка за д-р Жан, кој наиде на многу критики од јавноста заради однесувањата на неговиот син.
“Те САКАМ Докторе Жан Митрев Саша Митрев ,,од тука до небото и назад” Колку добрини мене ми направивте, а да не зборувам за целиот свет. Прв пат го видов во Германија во Mainz, во црковната сала каде пеев за Велигден ,пред 20- тина години. На Велигденската прослава беа половина германци, пријатели на македонскиот клуб во Mainz, кои буквално не го оставаа да здивне, сите му се поклонуваа во тоа време. Од сцената го забележав токму заради неговата скромност. Се запознавме лично кога дојде со двете деца во рацете позади сцената, да ме замоли да му ја отпееме ,, Земјо Македонска” и верувале или не, не ги испушти децата од рацете цела вечер, дури и играше на орото со нив во двете раце. Пред прв пат да го запознаам, ја гледав на СНН операцијата што тој ја извршуваше на отворено срце и кога слушнав дека е Македонец, посакав раката да му ја бакнам и да го прегрнам. Господ веднаш ми ја исполни желбата и за Велигден токму заедно во Германија. Очите не ги вадев од него, колку грижливо се однесуваше кон децата и си велев,, Господе голем си, како не му паднаа рацете”. Кога се поздравивме за заминување ми кажа,, за лошо за арно” побарајте ме” и ми се заблагодари за песната.
Но животот ги пишува романите после долго, долго години… додека слетував во Токио, Јапонија, го пуштив телефонот и добив порака од керка ми дека е ,,готова” мојата мајка, враќај се. Ми се одзедоа и рацете и нозете, веднаш ми падна на ум да му се јавам. Неговиот одговор беше,, веднаш, сега, се што е во мојата моќ, ќе испратам возило да ја донесат и ми го затвори телефонот. Додека барав билет веднаш да се вратам назад ( ми рекоа следниот лет е за 24 часа) докторот ми се јави, ми кажа дека мојата мајка буквално е вратена во живот, терај си ја работата, ние сме тука. И благодарам и на Др. Borjanka Taneva која учествуваше несебично во тој чин. Која радост, кој спокој, да можев да полетам….ах докторе колку си голем. Jас сум само капката во океанот на кого се помогнал. Господ не става на многу пеколни искушенија во животот, можеби токму ние ќе ги чистиме кармите од претците. Седете си мирни и како велеше мојата баба,, плукни си синко во пазувите, деца имаш и не зборувај, ни суди за туѓите”.
Гледајте си“ – напиша Алачки на својот профил на Фејсбук.