На 78 годишна возраст почина Вељо Тантаров, претседател на Здружението на индивидуални земјоделски производители и поранешен пратеник во Собранието на РМ од редовите на СДСМ.
Беше одличен познавач на земјоделските состојби и проблеми во земјава, член на земјоделски тела и комисии, чест гостин во медиумите за теми од областа на земјоделството.
Погребот ќе биде утре во 12:30 часот во с.Новаци.