Заменичката на украинскиот министер за надворешни работи, Емине Џепар, вчера изјави дека Русија ги врши најлошите кршења на човековите права на европскиот континент во последните децении.
Обраќајќи се пред ОН од Киев, таа рече: „Ова беа 10 недели чист ужас за луѓето во мојата земја. Мачења и исчезнувања, сексуално и родово насилство, списокот на руски злосторства е бесконечен“.
„Само свет кој е солидарен со украинскиот народ може да помогне да се победи ова зло“, истакна таа.
Потоа прикажа детски цртеж со црни линии.
Изјави дека цртежот го направило 11-годишно момче кое било силувано од руски војници пред очите на неговата мајка.
Таа рече дека момчето било толку трауматизирано што по силувањето комуницира исклучиво преку цртежи.