Во вторникот во рускиот град Мендељевски во република Татарстан се случил масакар кој ја шокираше јавноста. Имено, Ајнур Харисов (41) во алкохолизирана состојба до смрт ја избодел неговата сопруга Ангелина, нејзиниот син и нивниот двогодишен син. Единствениот преживеан во масакрот е 11-годишниот Никита кој спасот го пронашол во блиската пекара.
Ноќта Никита го разбудила врева и плачење на брат му. Во тој момент мајка му и другиот брат веќе биле мртви. Во потрага за помош, тој во долна облека истрчал од куќата, влегол во пекарата, поминал под пултот и отишол во канцеларијата. Вработените во прв момент биле уплашени, но кога Никита им кажал што се случило, повикале полиција и брза помош, а потоа го замотале уплашеното дете во ќебе.
Набрзо стигнала полицијата која го уапсила убиецот. Двегодишното дете во прв момент давало знаци на живот, но починало во болницата.
Руските медиуми пренесуваат дека алкохолот и љубомората биле мотив за масакрот, што го признал и убиецот кој е во притвор.
blob:https://embed.life.ru/0b5139f2-2c99-4510-960a-e8ca8f63095b