Едно лице загина, а повеќемина се повредени во сообраќајната несреќа којашто се случи околу 20 часот на магистралниот пат Велес – Штип кај приклучокот за Ново Село, кога се судрија автобус и комбе.
Повредените со возила на брза помош се пренесуваат во Општата болница во Велес.
На местото на настанот има и екипи од противпожарната единица кои ги извлекуваат повредените од автобусот.
Полицијата врши увид на местото на настанот.