Судот ја прифатил жалбата која ја поднесе Основното јавно обвинителство за одлуката Драги Рашковски да биде во домашен притвор. Се очекува поранешниот генерален секретар на Владата да биде пренесен од домашен притвор во притвор во Шутка уште денес.
„Заради интерес на медимуте околу предлогот на Јавниот обвинител во однос на „истрагата за набавка на софтвер“ , ја информираме јавноста дека:
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по жалби изјавени против решенијата на судија на претходна постапка од 16.04.2021 година со кои на Д.Р. и Д.С. им се определува мерка куќен притвор со дополнителни мерки за претпазливост, денеска одржа седница во присуство на странките, по која ценејќи го предлогот како и изјавените жалби донесе решение со кое ја прифати жалбата на Јавниот обвинител и го преиначи решението на судија на претходна постапка. Со тоа на осомничените Д.Р. и Д.С. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2.
Рашковски се товари за случај во кој злоупотребил државни пари и набавил софтвер чиј автор е и самиот. Софтверот не бил потребен на МВР.