Едно лице загина кај Шимановци крај Белград во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава околу 6.20 часот, додека 16 лица се полесно и тешко повредени, кога мини автобус полн со патници излетал од патот.
Меѓу повредените е и возачот на автобусот (53), кој во моментот на несреќата не бил под дејство на алкохол.
Во првата изјава по несреќата, возачот рекол дека прво нешто пукнало на возилото, а потоа изгубил контрола.