ОГНОТ ГОЛТА СЕ ПРЕД СЕБЕ: Голем пожар на најпознатата плажа во Хрватска, Зрче (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На најпознатата плажа во Хрватска Зрче на островот Паг синоќа избувнал голем пожар.

Како што пишува „Јутарњи лист“, со пожарот се борат и пожарникари од Доброволната противпожарна бригада на Новаља.

На помош на пожарникарите пристигнало и противпожарно возило.

ХАК јавува дека сообраќајот на државниот пат ДЦ106 Паг-Новаља во Новаља е во прекин поради пожарот кој избувнал околу 3 часот утринава.

Откако бил забележан пожарот, клубовите на плажата Зрче веднаш ги упатиле гостите кон излезите и кон автобусите и такси-возилата за што поскоро да ја напуштат плажата.

https://twitter.com/i/status/1556835815317278721

 

останати вести