Неколку лица се повредени при судир на два автомобила на крстосницата на булеварите Босна и Херцеговина и Словенија со улицата Македонско-косовска ударна бригада во Скопје.
Очевидци велат дека сообраќајката се случила околу полноќ и некои од тешко повредените со Итна медицински помош веднаш се пренесени во болница, а со друго возило им се укажала помош на останатите.
Булеварот Словенија во насока кон Момин Поток беше затворен за сообраќај, а на крстосницата, во близина на трговскиот центар „Поинт ритеил“, каде што се случила сообраќајната незгода, не работеа семафорите.
Полиција го пренасочуваше сообраќајот на околните сообраќајници.