„ОВИЕ СУДИИ ТРЕБА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ НА ФАКУЛТЕТ, ТУКУ ВО ОСНОВНО, ВТОРО ИЛИ ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ“: Најчевска за судиите

by Тони Зографски

Професорката Мирјана Најчевска повторно се огласи за судството.

„Што ни кажуваат нашите закачалки за правни одори наречени судии:

Дека е дозволено од собраниската говорница да се повикува на насилно уривање на уставниот поредок, но не и да се каже дека некој пратеник лаже.

Дека е дозволено од собраниска говорница да се повикува на создавање терористичка организација, но не и да се каже за некој пратеник дека мами.

Дека е дозволено повикување за финансирање тероризам но не и да се каже дека некој пратеник краде.

Не, овие судии не треба да се вратат назад на факултет, туку назад во основно училиште. Некаде 2 или трето одделение.“ напиша таа.

останати вести