Оливера Балашевиќ, сопругата на Ѓорѓе Балашевиќ, по долга медиумска пауза го даде своето прво интервју.
Оливера, меѓу останатото, зборуваше и за својата книга, детството и досега неоткриените детали од приватниот живот и брак со Ѓорѓе Балашевиќ, а откри и како настана песната “Рингишпил“.
-Детството го трошевме како засекогаш да ќе трае. Некогаш од свое лично искуство сведочев за сензибилитетот, сеќавањата и живеењето на мојот Ѓорѓе на кој детството се чини секогаш му траеше. Тоа е сосема значајно нешто особено во светот во кој живееме и во кој владее материјалниот статус. Доаѓањето на студии во Нови Сад беше пресвртница во мојот живот, постоеја убави и грозни моменти. Во 95-та година, кога се роди Алекса, куќата во која живеевме мораше да се реновира, поточно да се замени кровот. Во јуни таа година, кога почнавме со работа, нашата куќа всушност беше кабриолет, а дождот мислам дека таа година беше најобилен. Од таванот покриен со најлон се појавуваше еден голем „стомак“ кој наеднаш ќе пукнеше и водата влегуваше насекаде во домот. Тогаш бев многу загрижена, но Ѓорѓе ме смируваше со зборовите дека не треба да се нервирам. Едно утро кога станав рано да ги средам децата на плафонот најдов напишани стихови: „Тече утринава од 4 и 5 , небото решило да го потопи овој свет“. Тоа е тој детинест пристап во сериозните ситуации, кој јас го научив од него и подоцна заедно имавме таков пристап кон животот, односно научивме како да бидеме членови на оркестарот кој свири додека Титаник тоне – изјави Оливера.