Направивте тест, добивте негативен резултат и сега може да бидете убедени дека немате корна вирус? Се лажете! Многумина ги збунува токму ова, а објаснувањето е прилично едноставно.
Пред се, потребно е да поминат неколку дена од инфицирањето за евентуалната инфекција да се покаже на тестот.
– Знаеме дека инкубациониот период за Ковид може да трае и до 14 дена. Пред тоа, дури и ако сте инфицирани, може да сте негативни на тест затоа што работите често се одвиваат така во раните фази на инфекцијата, вели д-р Лијана Вен за Си-ен-ен. Но тоа што сте негативни, додава таа, не мора нужно да значи дека не сте заразени и дека не го носите вирусот.
Тоа сценарија е најверојатно затоа што се уште не поминало доволно од инкубацијата. Студијата објавена во магазинот Annals of Internal Medicine се бавела токму со лажните негативни тестови. Според нивните истражувања во текот на четири дена од почетната инфекција, пред да се појават симптомите, речиси е потополно сигурно дека тестот ќе биде негативен. На денот кога почнуваат да се појавуваат симптомите, веројатноста дека тестот ќе биде негативен е околи 38 %. Три дена откако ќе почнат симптомите нивото на веројатност дека тестот ќе биде лажно негативен опаѓа на 20 отсто.
„На вирусот му треба време да се размножи во телото доволно за да може тестот да го детектира“, објаснува Џастин Леслер, еден од авторите на студијата и професор по епидемиологија на Факултет за јавно здравје.
„Луѓето некако претпоставуваат дека ако сте негативни, дека тоа е тоа. Меѓутоа, малку е посложено“, вели д-р Рошел Велеснки, шефица на одделението за инфективни болести во болница во Масачусетс.
Може да трае и до две недели по инкубацијата, но во просек е пет дена.
„Воглавно се смета дека сте најинфективни два дена пред појавата на симптомите и два дена по појавата на симптомите“, рекла таа, а коронавирусот се шири толку лесно токму поради фактот што се шири дури и кога немаме никакви симптоми.