Маж од Италија нокаутирал член на екипаж на чамец кој претходно ја оттурнал неговата сопруга во текот на расправија на плажа на Сардинија.
На снимката се гледа моментот кога локалниот жител со спектакуларен удар со нога најпрво го соборува момчето во пливачки комбинезон, а потоа повеќе пати го удира на плажата Кала Лунга на северот на Сардинија.
"Scatta la rissa in #Sardegna quando il #tender di uno yacht si avvicina un po' troppo alla spiaggia di #CalaLunga di #PortoMassimo, a #LaMaddalena, con un calcio volante e cazzotti da parte di un sardo residente a uno straniero (per alcuni, un francese) e insulti finali" pic.twitter.com/8zLIzlfyj2
— Stevie Walker #FuckFIGC (@stevieansioso) July 17, 2023
Локалните медиуми наведуваат дека расправијата започнала кога моторен чамец со голема сила излетал на брегот за да собере група богати туристи и да ги врати на нивната мега јахта. Дошло до расправија меѓу мештаните и еден член на екипажот кој потоа турнал жена во бикини и почнал да ѝ се заканува со прст. Сопругот веднаш дотрчал и го нападнал момчето.
„Ја турна мојата сопруга“, се слуша како вика на снимката.
Посетителите на плажата меѓутоа брзо успеале да ги раздвојат.
Туристите веднаш влегле на чамецот и запловиле назад до својата јахта со потсмев и дофрлување до локалното население. На снимката се гледа една жена како луто им мавта на туристите додека чамецот се оддалечува.
Менаџерот на одморалиштето Франческо Витијело за локалните медиуми изјавил дека странските туристи често прават проблеми.
„Морам да ја нагласам посебната непристојност на странските туристи. Најчесто Англичани и Германци, но и Французи доаѓаат во нашето море и не ги почитуваат правилата“, рекол тој.