Социјалните мрежи се преплавени со снимка од тепачката која се случила за време на концертот на Морган Волен во Питсбург, Соединетите Американски држави.
Како што објави Times Now News, пред мобилните тоалети дошло до жестока физичка пресметка меѓу две жени, што може да се види и на виралното видео.
На почетокот на видеото може да се види нивната вербална расправија, а по неколку разменети зборови настанува целосен хаос. Двете толку многу се туркале што паднале во една од кабините од каде излетала вознемирена девојка која веќе била внатре.
Една од учесничките во тепачката буквално завршила во тоалетната школка, а потоа во гужвата влетале уште две жени и настанал општ „хаос“ кој обезбедувањето залудно се обидувало да го спречи.
Tuča! pic.twitter.com/9n9oJhBYt1
— Pluton (@Pluton45873221) September 4, 2023
Жена во униформа успеала да спречи инцидентот дополнително да ескалира, а актерите побегнале пред да дојде полицијата. Клипот, кој трае 52 секунди, го погледнале повеќе од 13 милиони луѓе, а локалните медиуми пронајдоа една од актерките. Таа тврди дека ја бранела својата мајка (во бел џемпер) која „ја чувала вратата додека била во тоалетот“.