Поголема група луѓе ноќеска нападнала вработени во старата Градска болница во Скопје, а се пресметале и со полицијата која била повикана за помош, дознава А1он. Во болницата бил донесен пациент со исекотина на раката, а веднаш по него во болницата упаднала групата која напаѓала се пред себе.
-Се случила голема тепачка, нападнат бил персоналот, обезбедувањето, а потоа и полицијата која била повикана за помош. Групата напаѓачи била голема, немаме точна бројка, пациентот за кој се бореле имал повреда на раката. Инцидентот се случил по полноќ околу 2-3 часот по полноќ. Болницата била затворена за пациенти за да не се случи уште некој инцидент. Јас утрово кога дојдов на работа побарав да биде повторно отворена болницата и веќе вообичаено се примаат пациенти, изјави за А1он, Иван Спировски, директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.
Директорот нагласува дека вакви инциденти се случуваат секој втор ден во болницата, оти еден човек како
обезбедување е немоќен кога пред него ќе се појави голема група. Неофицијално во инцидентот има и
приведени. Од МВР најавија дека дека подоцна ќе соопштат детали за целиот инцидент.
Утрово затворена врата на Градска најдоа многу пациенти, а во паника беше и персоналот во болницата.