Италијанската тенисерка Камила Џорџи ги изненади сите со одлуката на 32 годинишна возраст да и стави крај на кариерата во белиот спорт,и целосно да сврти нов лист во животот.
Атрактивната Камила Џорџи минатата година официјално се откажа од тенисот, што шокираше многумина.
Најдобар ранкинг во кариерата и беше 26 место на светската ВТА листа на најдобри тенисерки, и многумина сметаа дека уште неколку години Италијанката може да игра врвен тенис. Но, Камила изгледа имала поинакви планови и веќе заборавила на тенисот и има друга професија.
Таа се повлече од спортот за да стане професионален модел на долна облека, па нејзините објави на социјалните мрежи наместо оние од теренот, станаа сосема поинакви, што со воодушевување е прифатено кај нејзините фанови.