Како што објавија белградските медиуми, Србите не бираат средства како да го искажат својот револт откако на Ѓоковиќ му беше забрането да влезе во Австралија и покрај тоа што на аеродромот во државата Викторија приложил документ дека не смее да прими вакцина против коронавирусот.
Имено, неколку навивачи на Ѓоковиќ синоќа се собраа пред австралиската амбасада во Белград и започнаа да ја гаѓаат зградата со тениски топчиња.
Тој беше одбиен од австралиските власти и во моментов се наоѓа во хотел „Парк“, кој претставува прифатилиште за баратели на азил.
https://twitter.com/i/status/1479161139074375680