Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Телеангиектазија е состојба на “скршени” или проширени мали крвни садови кои се блиску под кожата или мукозните мембрани и создаваат видливи шари од линии. Тоа се фини нишки,розеви или црвени кои на притисок бледеат. Бојата може да варира од црвена до сина или волетова.
Малите крвни садови се со промер 1-3 мм. Приширените крвни садови стануваат послаби, предизвикуваат крварење и евентуална појава на телеангиектазии.
Не се причина за загриженост. Повеќето лица немаат симптоми, овие телеангиектазии не влијаат на здравјето и не бараат третман, некогаш може да се јави чешање или болка. Некогаш се јавува крварење. Ако тоа крварење е во мозокот може да има сериозни последици.
Телеангиектазии често се јавуваат кај лица со светла кожа и со долго изложување на сонце. Може да се јават насекаде на телото, но се најзабележливи на кожата, видливи мукозни мембрани и белките на очите. Најчесто се на лице, нос, образи, брада и даваат црвенило на лицето.
Чести се и на нозете, градите, грбот, рацете. Се опишуваат и како “спајдер вени”, како пајажина, зашто имаат централен црвен крвен сад за хранење со раширени гранчиња.
Неколку фактори допринесуваат за нивно јавување, точната причина зошто се јавуваат не е јаснаː генетика, изложеност на сонце и ветер, лекови кои ги шират крвните садови, бременост, екцесивна консумација на алкохол, повреда на кожата, хируршка инцизија, акни, долготрајна употреба на топични кортикостероиди.
Кај жените ризикот за развј на телеангиектазии се зголемува во бременост. Како фетусот расте во стомакот така се прави притисок на крвните садови.
Хормонална терапија и хормоналните промени во менопауза може да водат до појава на телеангиектазии на лицето.
Со возраста слабеат крвните садови и постарите лица имаат поголема веројатност да имаат телеангиектазии.
Телеангиектазии може да се јават и како симптом на некои други, поретки болести и синдроми (Bloom, Osler-Weber-Rendu, Klippel-Trenaunay-Weberсиндром) – атаксија телеангиектазија, “дамка од вино” (дамка обоена кожа која е присутна при раѓање), розацеа (хронична кожна состојба), спајдер ангиом, ксеродерма пигментозум, болести на црниот дроб, болести на сврзното ткиво (склеродерма, дематомиозитис, лупус).