Има толку многу ранети Руси таму, тоа е ужасно. Тие се ужасно обезличени. Тешко е да се слушне нивното офкање како одекнува низ болницата – вели еден пациент кој бил отпуштен дома.
Во видеото објавено од Радио Слободна Европа може да се види како руски амбулантни возило поминува низ белорускиот град Гомел, кој граничи со Украина.
Видеото е од почетокот на март, а според Дејли Мејл, вработените во блиската болница тврдат дека до 13 март повеќе од 2.500 тела биле вратени назад во Русија.
Белорускиот медицински персонал во Гомел вели дека нивните мртовечници се преполни.
На 200 километри, но повторно во областа во близина на границата со Украина, жител на Мазир тврди: „Патниците на железничката станица беа шокирани од бројот на трупови натоварени во возот. Откако луѓето почнаа да снимаат, војската ги фати, им ги избриша снимките и наредија да си заминат“.
Дејли мејл ја цитира и изјавата на лекар од болницата во Мазир, кој рекол дека немаат доволно хирурзи, но го потврдил она што го кажал граѓанинот: „Претходно телата беа пренесени со брза помош и натоварени во руски возови. Откако некој го објави тоа на социјалните мрежи, телата почнаа да се товараат ноќе за да не привлечат внимание“.
„Има толку многу ранети Руси таму, ужасно е. Тие се ужасно обезличени“
На 1 март болницата Гомел започна со отпуштање пациенти поради огромниот број ранети руски војници кои требаше да се лекуваат.
– Има толку многу ранети Руси таму, тоа е ужасно. Тие се ужасно обезличени. Тешко е да се слушне нивното офкање како одекнува низ болницата – вели еден пациент кој бил отпуштен дома.
Гомел граничи со Русија на исток и со Украина на југ. Тој е најголемиот белоруски град по Минск и главен трговски и сообраќаен центар.
Украинците тврдат дека убиле над 14.000 руски војници, додека Русите не коментираат. Пред околу две недели руските агенции издадоа соопштение од руските власти дека се убиени 500 руски војници. Бројот на жртви тешко може независно да се утврди.
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО:
A railway car is filled with bodies in Russian uniforms, a local resident recalls confronting Russian troops who entered his front yard during the Russian assault on the area. Voznesensk was attacked by Russian forces but is still in Ukrainian hands. pic.twitter.com/c4QEzCr8Ba
— Radio Free Europe/Radio Liberty (@RFERL) March 18, 2022