Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал, Пеле, почина на 83-годишна возраст, по тешка борба со болеста.
Последните моменти на Едсон Арантес до Насименто Пеле ги помина во болница со семејството.
На Пеле му беше дијагностициран рак на дебелото црево во септември 2021 година, а неодамна неговата состојба нагло се влоши.
Неговото тело престана да реагира на терапии, а од 29 ноември беше во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло.
Пеле последните недели беше во болница и неговата здравствена состојба беше многу лоша, а денес почина во Сао Паоло.
Неподелено е мислењето дека беше еден од најдобрите играчи на сите времиња, Пеле е единствениот човек кој го освоил Светското првенство во три наврати, бидејќи му помогна на Бразил да стигне до успех на турнирите во 1958, 1962 и 1970 година, а исто така ја освои Златната топка за најдобар играч во 1962 година.
На првенството во 1958 година, настапи со само 17 години, како најмладиот играч што се појавил на Светско првенство за мажи, рекорд кој подоцна беше соборен од Норман Вајтсајд од Северна Ирска.
За време на 21-годишната играчка кариера, постигна 1.283 гола на 1.363 сениорски натпревари за клубови и својата земја, иако таа бројка може да е различна според некои извори, со оглед на тоа што вклучува и неофицијални пријателски натпревари и турнеи.