Денеска посмртните останки на загинатите Георги Бошнаков, неговата сопруга и двете ќерки од кои едната е малолетна денеска ќе бидат испратени во Бугарија. Завршени се ДНК анализите на Институтот за судска медицина и во моментот се договара транспортот на четворицата бугарски државјани, кои завчера го загубија животот во авионската несреќа што се случи кај Солунска Глава, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Истрагата ја спроведува независната Комисија за авионски несреќи и сериозни инциденти и сите насоки ги даваат тие и во однос на подигањето на остатоците од авионот. МВР е подготвена и во овие услови тоа да го изведе, меѓутоа чекаме наредба од оваа институција, – изјави Спасовски по денешното одбележување на 15 години од формирањето на МАРРИ Регионалниот центар.