ТВ презентерка на вести Бесмира Ејупи ќе стане генерален конзул на Македонија во Њујорк.
Одлуката, според инфомрациите што ги објавија повеќе медиуми, ја донела Владата на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи.
Во наредниот период во консултации со кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, официјално ќе биде побаран агреман од земјата домаќин за новиот конзул.
Владиниот портпарол Душко Арсовски денеска рече дека таква точка на дневен ред на отворената седница немало, но не кажа дали имало на затворена седница.
-На отворената седница на Владата немаше точка со ова кадровско решение, – рече портпаролот Арсовски.