Популарниот норвешки теоретичар на заговор Ханс Гардер (60), кој негираше дека коронавирусот е опасен, почина од таа болест, откако беше домаќин на два настана во неговиот дом.
Гардер почина на 6 април и според првичниот извештај за обдукција беше утврдено дека е заразен со коронавирус . Според локалните медиуми, само неколку дена пред неговата смрт тој организирал нелегален собир во општината Гран, педесетина километри северно од Осло.
Заразени се и најмалку 12 лица кои присуствувале на настаните, а полицијата го утврдува точниот број на учесници.
Патем, забраната за собири поради пандемија е на сила во Норвешка од 16 март.
“Која е причината за воведување вакви мерки со цел да се спречи инфекција која е слична на настинка или грип. Дали со тоа сакаат да камуфлираат дека короната не се пренесува од човек на човек”, напиша Гардер на Фејсбук.
Тој исто така пишуваше за Илуминатите и дека Џо Бајден ги украл претседателските избори во ноември минатата година.
Има сомнеж дека имал симптоми на коронавирус околу две недели пред неговата смрт, а Дагбладет изјавува дека неговото семејство го охрабрувало да оди на лекар, но тој не сакал.