Легендарниот глумец од Екс-Ју просторите , Мустафа Надаревиќ почина по долга битка со тешко боледување на 77-годишна возраст.
Тој боледувал од рак на белите дробови, неодамна бил отпуштен од болницата и бил во куќата во Загреб, а според медиумите, тој не ја напуштил куќата поради епидемиолошката состојба.
Во јануари, на Надаревиќ му бил дијагностициран рак на белите дробови, а во февруари пристигнала вест дека се чувствува подобро.
На почетокот на март, Надаревиќ пристигна во Сараево да снима нови епизоди од серијата ,,Луд збунет , нормален” во која ја игра главната улога, која беше прекината поради пандемијата на коронавирус. Потоа се врати во Загреб и на крајот на март рече дека е во болница.
“Сè уште сум во болница. Не знам кога ќе бидам надвор. Не знам што друго да кажам за мојата состојба”, рече тој кратко за Аваз во тоа време.