Витни Хјустон засегаш ќе остане една од најголемите пејачки на сите времиња. Таа до својата смрт, , својата најмрачна тајна не ја споделила со ниту еден член од своето семејство, па дури ни со својата мајка. Пред седум години нејзиното тело беше пронајдено во када во Беверли Хилс пред својот 49-ти роденден, откако консумирала комбинација од кокаин, канабис и неколку различни таблети што нејзиното тело не можело да ги поднесе.
Витни својата вистина за зависноста ја признала во 2009-та година во телевизиското шоу на Опра Винфри, откривајќи дека главната причина за губењето тежина е тоа, а не стресот.
Сепак, за една работа никогаш не зборувала, односно за мрачната семејна тајна со која се борела целиот свој живот.
Ѝ признала само на една личност, својата долгогодишна асистентка која внимателно ја сослушала кога пејачката ѝ раскажала сè за злоставувањето кое го доживала како девојче и тоа од женски член на своето семејство.
„Витни ме погледна и ми рече: „Бев злоставувана и на млади години. Но, тоа не ми го направи маж, беше жена“. Имаше и солзи во очите и рече дека нејзината мајка немала поим што се случувало и дека ништо не ѝ кажала за тоа. Не сакала да ѝ каже затоа што верувала дека на мајка ѝ ќе ја повреди таа личност која ја злоставувала неа. Солзи ѝ течеа по лицето и во тој момент само ја прегрнав. Ѝ кажав дека мора да ѝ раскаже на нејзината мајка кога ќе се смири затоа што само така ќе може да го симне “товарот““ – изјавила Мери во документарецот.