Американската актерка Блејк Лајвли ги воодушеви своите следбеници објавувајќи на Инстаграм фотографија во бело бикини, што ретко го прави.
Таа ја објави фотографијата ден пред нејзиниот 35-ти роденден, што беше совршен начин на нејзините следбеници да ѝ го честитаат роденденот.
Во мај, актерката изјави за магазинот Форбс дека нејзините три ќерки, со нејзиниот сопруг и актер Рајан Рејнолдс, ја зголемиле нејзината самодоверба, и на личен и на професионален план.
– Мислам дека со моите деца почнав да се чувствувам многу поудобно во своја кожа. Никогаш не сум се чувствувала поопуштено и посигурно во сопственото тело. Да не речам дека нема тони несигурности кои ме погодуваат милион пати на ден, но се чувствувам неверојатно смирено, рече таа.
– Мислам дека растењето, раѓањето деца и други работи направија да се чувствувам како да сакам да правам само работи каде што можам да имам значајна соработка. Верувам во вредни соработки и тоа е она што го исполнувам во последно време, а никогаш не сум била посреќна, професионално, додаде таа.
Лајвли претходно зборуваше за борбата со несигурноста на телото откако ја родила ќерката Бети во октомври 2019 година.
Во серија објави на нејзината приказна на Инстаграм, актерката се осврна на своите комбинации што ги носеше во јавноста по раѓањето на нејзината ќерка и ги објасни тешкотиите во наоѓањето облека што ѝ прилега за време на бременоста.
– Ова не им испраќа голема порака на жените кога нивните тела не одговараат на она што го нудат брендовите. Тоа е отуѓувачки и збунувачки, заклучила таа.
Актерката, која исто така ги дели седумгодишниот Џејмс и петгодишната Инез со Рејнолдс, додаде дека сега посакува да била посигурна во своето тело по породувањето.
– Посакувам тогаш да се чувствував самоуверена како и сега, гледајќи наназад една година подоцна, напишала таа.
-Тоа тело ми даде дете. И ја произведе целата залиха на храна за тоа дете. Какво прекрасно чудо, продолжи таа.
– Но, наместо да се чувствувам горда, се чувствував несигурно. Едноставно затоа што не се вклопував во облеката, објаснила таа.