Лидија Вукичевиќ освен по улогата на Лидија Попадиќ во серијата “Подобар живот“, многумина ја памтат и како Лилика во филмот “Жикина династија“.
Седмото продолжение на “Луди години“ е снимано во 1985 година, со неповторливите Драгомир Бојаниќ Гидра и Марко Тодоровиќ во главни улоги. За потсетување, во овој филм, Жика се обидува на својот внук Миша да му ја намести Лилика, пејачка на почеток на кариерата, која ја игра токму Лидија. Иако се работи за комедија во неа имаше и провокативни и секси сцени кои актерката не ги памти по добро.
-Толку пролиени солзи пред самото снимање, но глумец е глумец и тоа не се гледа, само во мене беше таквото чувство. Се сакавма – драги луѓе, Гидра и Марко – напиша Лидија на социјалните мрежи со една од култните сцени од споменатиот филм.
https://www.instagram.com/p/B1rIOzDo66s/?utm_source=ig_web_button_share_sheet