ТВ презентерката Татјана Стојановска проговори за својот љубовен живот. Таа неодамна беше гостинка во естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде пред камерата откри дека веќе неколку години е во врска со Михаил, кој ја освоил со својот шарм и интелект.
“Јас секогаш велам дека ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер, тогаш дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас впрочев пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и нема потпис, но живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Сметам дека клучот на заедничкото живеење и сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави, се она кое што дава успех, без разлика која е формата на релацијата и на врската – изјави Татјана и додаде:
“ Михаил ме освои со интелектот и шармот. Станува збор за човек кој навистина ги поседува овие две карактеристики и со вниманието и почитувањето, семејните вредности и почитувањето на жената“.