Мега звездата Бијонсе заедно со мажот и Џеј Зи во петокот се појавија во Хјустон, на НБА мечот меѓу Голден Стејт и Хјустон Рокетс. Бијонсе се однесувала нормално- се забавувала, им се смешкала на присутните, што ја воодушевила публиката.
Таа како и обично сакала да импресионира со изгледот, и во тоа успеала со својот необичен стајлинг. Бијонсе на себе имала црни сандали, ретро наочари, хеланки и маица.
Хеланките чија цена е 305 евра а маицата 194 евра, се креации на француската дизајнерка Марин Сере.