Кристијан Кики Рахимовски, синот на покојниот пејач Аки Рахимовски му го честиташе роденденот на покојниот татко на социјалната мрежа на Инстаграм.
Имено, тој се огласи на оваа социјална мрежа и со емотивна порака расплака многумина…
„Тато, срќен роденден. Одмори се од тие што те замараат. И пеј со мене денеска. Посакувам тоа што го сакаш. Ми недостигаш.. Твоето дете кретен“ – напишал во потписот на својата фотографија…