Нета Портал (22) е девојка која била застрелана со шест куршуми од терористите на Хамас кога упаднале во Кфар Аза во јужен Израел. Ранетата успеала да стапи во контакт со нејзиниот татко, кој ја спасил, иако шест години не разговарале.
Девојката и нејзиното момче ги набљудувале напаѓачите како се собираат и не можеле да им поверуваат на своите очи дека пред себе гледаат весели момци како пушат и разговараат додека се подготвувале за офанзива.
Во тој момент, Сантијаго, момчето на Нета, предложил да скокнат преку прозорецот, но девојката се исплашила. Меѓутоа, кога одекнала детонацијата од гранатата, момчето ја повлекол и тие скокнале.
Нета пред тоа го известила нејзиниот татко дека терористите се во близина.
Инаку, девојката и нејзиниот татко не разговарале шест години, од разводот со нејзината мајка. Сајмон Портал бил полицаец во цивилна облека, кој веќе бил на пат кон Кфар Аза, а кога стигнал таму напаѓачите отвориле оган, на што тој возвратил, навеле „Би-би-си“.
„Пукаа на луѓе. Пукаа на деца. Сите ги молеа да не го прават тоа“, во солзи се зборувала девојката.
Парот до тој момент бил многу среќен во Кфар Аза веќе четири месеци. Го опишале како прекрасно место, најубаво на светот.
„Кога скокнавме низ прозорецот, терористите нè здогледаа и тргнаа да пукаат кон нас. Ја застрелаа Нета двапати во ногата, еднаш во раката“, изјавил Сантијаго, додавајќи дека и него го раниле во ногата.
Сантијаго успеал да ѝ помогне на Нета да стане, а потоа побегнале две улици подалеку и се скриле под куп ѓубре, како не би бил пронајдени. Тогаш Нета успеала да му испрати порака на својот татко дека е ранета и каде се наоѓа.
„Тато ме застрелаа, помош“, испратила Нета, на што нејзиниот татко кратко одговорил: „Доаѓам“.
Таткото успеал да се пробие низ воените редови и да стигне до Нета, веднаш ја ставил во задниот дел од својот автомобил и заедно со Сантијаго ги однел во болница.
„Мојата убава ќерка, ја вратив“, зборувал таткото гледајќи во Нета и благодарејќи му на Бога што успеал да ја спаси.
Таткото и ќерката звучеле многу исцрпено, но и гневно додека се присетувале на сите настани. Тие посакуваат да исчезнат сите терористи на Хамас, за народот да биде спасен.
„Војската треба да биде на територијата на Газа, да ги убијат сите терористи. Со сето мое срце би сакала да завладее мирот, но мислам дека тоа нема да се случи“, заклучила Нета и порачала дека сите треба да се борат.