Докторот Владимир Кецмановиќ, таткото на масовниот убиец од ОУ Рибникар на Врачар во Белград се обидел да се самоубие во притворот, пренесуваат дел од српските медиуми.
Таткото на момчето убиец тешко си ја повреди главата!
Владимир Кецмановиќ, радиолог и татко на малолетниот масовен убиец Коста К.(13), кој уби девет лица во ОУ Владислав Рибникар, денеска се обидел да се самоубие во својата ќелија!
Како што пишува Информер, Владимир се залетал и со сета сила ја удрил главата во ѕид!
Владимир Кечмановиќ, инаку познат доктор радиолог, беше уапсен непосредно по апсењето на неговиот малолетен син. Претходно српските медиуми пишуваа дека тој ќе одговара пред судот.
Меѓу останатото, Владимир го научил својот син да пука и го носел на стрелиште. Двата пиштола со кои Коста К. пукал во училиштето се на таткото. Според министерот Братислав Гашиќ, таткото на распит во полицијата рекол дека не знае како синот ја дознал шифрата од сефот.
Владимир Кецмановиќ на рочиштето призна дека навистина го однел синот на стрелиштето, но и дека неговиот син бил жртва на врсничко насилство во „Владислав Рибникар“. Во таа прилика тој изјави и дека е „мртов човек“ откако неговиот син го извршил масакрот.