Србин преживеал хорор на плажа во Грција – отишол на одмор, а завршил во мафијашка пресметка! (ФОТО)

by Тони Зографски

Државјанин на Србија летниот одмор го поминал на една од грчките плажи – но наместо одмор тој наводно се нашол среде мафијашка пресметка.

Имено, тој летувална една од плажите во близина на градот Неа Парамос, а детали од случката се објавени на Фејсбук групата “Грција во живо”.

-Еден наш член се нашол на плажа во околината на Неа Перамос каде во еден од баровите се случила мафијашка пресметка, т.е рафално пукање. Три лица се повредени, а за среќа никој не умрел. Во случај да ја слушнете оваа вест, а да е некој од вас таму сакам да ви кажам дека сите туристи се безбедни, а повредени се лица вработени во барот, стои во објавата на групата.

Освен пораката, споделени се и фотографии од местото на пресметката за која досега не се познати подетални информации.

останати вести