Детето од Ќуприја, Тадија кое на 22 август се давеше во Пефкохори се разбуди од вештачка кома и е вон животна опасност. Татко му го посети во болницата во Солун и ако биде се во ред веќе утре ќе може да си оди дома.
– Сега е добар, стана на нозе и засега е ок. Најважно е што нема оштетувања на мозокот и по неговиот страв гледам дека е свесен што направи. Уплашен е и не ми дава да се тргнам од него – вели татко му кој го опиша страшниот момент во Пефкохори.
-Се се случи за една секунда. Рече дека не сака повеќе да се бања и ќе си игра во песокот. Но, само што се свртив за да одам да купам сокови за децата, тој ја збриша и нас ни преседна летовањето уште првиот ден,- вели тој со совет до родителите.
-Не смее да се испушти дете од раце ни секунда. Очите треба да бидат свртени само на кај нив. Син ми кога е дома во соба, ако е тишина веднаш трчам да видам што се случува. Многу е немирен, само чека да направи нешто ако не го гледаш.
Инаку, детето во Пефкохори влегло во водата и почнало да се дави. Него од морето го извадил човекот кој издавал реквизити за спортови на вода, а го реанимирал лекар кој како турист се нашол на плажата.