Поради отсуство на скопската обвинителка, Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13, Миле Јовановски, обвинет дека му нанел тешка телесна повреда на попот Виктор Стојчев кој е оштетен во постапката и дојде со неговата сопруга.
Излегувајќи од судот, Миле Јовановски рече дека не бил Силвестер Сталоне за да го истепа попот за една минута, кој пак му бил сосед.
„Не сум Силвестер Сталоне да го истепам за една минута“, рече Јовановски на излегување од судницата.
Таткото на Боки 13 запрашан од новинарите рече дека не знае ништо за случајот „Рекет“: Не знам ништо, немам појма, одговри тој.
Инаку, и Боки 13 е сведок во оваа постапка, но судот не го повикал поради економичност на постапката.
Следното рочиште е закажано за 12 ноември.