Среќна вест на својот Фејсбук профил објави Тамара Тодевска. Познатата пејачка пред неполни два часа го роди синот Дарен.
„Се роди нашиот Дарен. Хана доби братче, а Мачка и јас уште една неописива љубов. Пресреќни сме и многу благодарни на целиот тим на болницата и на нашата докторка. Ви испраќаме безброј бакнежи“, напиша Тамара.
„Радост, станав тетека по втор пат. Добредојде Дарен. Да си жив и здрав и насмеан засекогаш. Те сака тета“, објави на Фејсбук сестрата на Тамара, Тијана Дапчевиќ.