103-годишната Џени Стејна од Масачусетс ја прослави својата победа над вирусот корона, наздравувајќи со ладно пиво „Bud Light“ во болничкиот кревет и го воодушеви светот…
Жената што ја снимала Џени како пие пиво ја прашала дали е вкусно, а таа одговорила дека е, пред да испие уште една голтка и ги лижела усните, пишува Mirror.
Жената потоа на Џени и рекла дека ладното пиво е најдобро, а таа одговорила потврдно. Страста на Џени кон пивото потекнува од нејзината љубов кон безболот. Нејзината внука им рекла на новинарите дека Џени Стејна честопати седела и ги слушала игрите на Ред Сокс на радио. Живеела во пензионерски дом.
Пред три недели, таа го добила вирусот корона и станала првата Американка која се разболела во пензионерски дом.
Нејзиниот сопруг починал во 1992. година на 82-годишна возраст, а непосредно пред да и се влоши здравјето, ја посетила нејзината внука Виолет Гун. За време на лекувањето, едно време била толку лошо што семејството се подготвувало за проштевање.
Адам Гун, сопругот на втората внука на Шели, ја прашала дали е подготвена да оди на рајот, а таа потврдила. Сепак, таа успеала да се опорави и станала првата во Центарот за животна грижа што го победила вирусот.