Здружението С-ПАС од Хрватска соопшти дека кучето Зен од Осиек во саботата вечер починало како последица на новогодишното пукање.
– Не ми се верува дека ова е првиот пост што го објавуваме во новата година. Кој и да сте, вашето викање, пукање, болно фрлање петарди неколку часа пред и по полноќ одзеде живот. Почна со тресење и кочење, а заврши со срцев удар кај ветеринарот. Благодарност до ветеринарите од Осиек што се обидоа да го вратат во живот – објавено е на веб-страницата на здружението и додаваат:
– Скршени сме, поради мала болна забава, смртно одзедовте еден живот. За кои знаеме. Којзнае колкку други кучиња загинаа таму само од страв. Вчера го објавивме, таков тажен живот, го напишав текстот треперејќи со грутка во грлото, а денес ви пишувам дека го нема – додаваат во објавата која растажи многумина.