Најпознатиот хрватски штрк Малена остана без својот партнер Клепетан. Тој во Бродски Варош се вратил уште на 18 март, многу порано откако изминатите години, но не се вратил да остане со својата Малена, туку да се поздрави со неа и да умре.
Пензионираниот домар, Стјепан Вокиќ кој веќе 30 години се грижи за Малена, објасни дека неговиот Клепо, како што го викал, се вратил во гнездото стар и болен.
-Тој дојде и три-четири часа тажно “клепеташе“. Тогаш знаев дека се врати да умре. Знаете како велат, птиците се враќаат да умрат пеејќи. Малена имаше дури 66 мали, што е многу за една мајка. Силно сум поврзан со неа. Не одам ни на море, ниту со пријателите, само се грижам за неа. Се обидувам да најдам риби да ја прехранам, ама тоа тешко ми оди – раскажа Вокиќ.
Стјепан ја поминал околината со цел да го најде неговиот Клепо, но не успеал. Тогаш му било јасно дека Клепетан загинал.
Инаку, приказната за Малена и Клепетан ја објави познатата страница The Dodo и воодушеви илјадиници читатели ширум светот.