Хрватската пејачка Нина Бадриќ неодамна откри дека станала пејачка сосема случајно. Имено, Дино Двроник ја слушнал како пее во еден бутик во која што таа работела, а тој бил таму затоа што купувал фустан за својата сопруга.
“Ме слушна како пеам и ме замоли да го намалам радиото. Ми кажа дека ако пеам така добро и на суво утре ќе ме носи за да потпишам договор со неа“, рекла пејачката, па ја прашал каде живее.
„Следното утро во 10 часот, Дино Дворник, тогаш најпознатиот пејач во земјава, дојде дома за да ме земе. Ми донесе чај и колачи”, откри таа, истакнувајќи дека веднаш се упатиле кон продуцентска куќа.